• Барди учесник во победата на Трабзон, првенец за Роналдо кај Шериф

    Енис Барди доби шанса во завршницата во триумфот на Трабзонспор против Црвена Звезда (2-0). Македонскиот фудбалер го замени стрелецот на првиот погодок Марек Хамшик.

  • Барди и Трабзон го пречекуваат српскиот шампион

    Црвена Звезда со победата во Нови Пазар се врати на чело на Mozzart Bet Суперлигата, иако според играта не одушеви. Сепак, тренерот на српскиот шампион Милош Милојевиќ може да биде задоволен од желбата која неговиот тим ја покажа за да дојде до пресврт во Нови Пазар како и прекинот на постот на Александар Пешиќ кој одлично се снајде по центаршутот на Гејлор Канга во 88. минута и со пета ја затресе мрежата на домашните. Црвено-белите тргнаа да ја креваат самодовербата уште во натпреварот со Монако, иако доброто издание со Кнезовите не им беше наградено со резултат, ама затоа донекаде тоа им се врати во Нови Пазар. Белграѓани така со поголема самодоверба патуваат на пеколното гостување кај турскиот шампион.

Состави

Abdullah Avci

4-4-2

    Milos Milojevic

    4-4-2