Требаше да мине скоро еден месец за Јувентус пак да победи во едно натпреварување. По оние 2-0 на почетокот на септември против Специја, тимот на Масимилијано Алегри во натпревар од осмото коло на италијанското првенство ја совлада Болоња со 3-0.
Нападот на Јувентус конечно се разбуди и донесе висок триумф над Болоња (3-0) во осмото коло од Серија А. По цел еден месец „старата дама“ запиша победа во домашниот шампионат и му даде барем малку спокој на Макс Алегри на клупата. Иако играа без Ди Марија, Погба, Киеза „црно-белите“ ја одигра можеби најдобрата партија во сезоната и вторпат победија со три разлика.