Фудбалерите на Наполи успеаја да ја прекинат серијата без пораз на Милан, па со 1-2 (0-0) славеа во дербито на седмото коло во Серија А. Од денес останаа само две непоразени екипи во шампионатот на Италија, бидејќи „партенопеите“ го совладаа директниот ривал за врвот. Пресметката на „Сан Сиро“ понуди добри можности во двете полувремиња, ама погодоци само во второто.