Капитенот на белгиската фудбалска репрезентација Еден Азар по поразот од Мароко (0-2) во второто коло од групата Ф на Светското првенство изјави дека тимот е разочаран и треба психички да се подигне.
Фудбалерот на мароканската фудбалска репрезентација Хаким Зијеч го понесе епитетот играч на натпреварот во победата на Мароко против Белгија со 2-0. Фудбалерот на Челзи не беше дел од селекцијата која се пласира на Мундијалот, заради конфликтот со Вахид Халилхоџиќ, но по смената на босанскиот стручњак, се врати во дресот со државниот грб.
Селекторот на мароканската фудбалска репрезентација, Валид Реграги не ликуваше и остана скромен по големиот успех и третата победа на оваа селекција во историјата.
Бизарна ситуација се случи пред натпреварот меѓу Белгија и Мароко затоа што мистериозно го снема голманот Боно кој се загреваше, ја испеа химната и се најде во стартниот тим, а по крајот на средбата, мистеријата е разрешена.
Фудбалската репрезентација на Мароко продолжи со добрите игри на Светското првенство (СП) и со победа во дерби-пресметката против Белгија (0-2) го презеде првото место во групата Ф, а истовремено ги стави Белгијците под притисок затоа што постои сериозна закана да испаднат. Двата гола на мечот паднаа во второто полувреме, по грешка на одбраната.
Нусаир Мазрауи и Ашраф Хакими, двајцата повредени во средата на првиот натпревар на Мароко на Светското првенство против Хрватска (0-0), уште не знаат дали ќе можат да го одиграат натпреварот против Белгија в недела, објави докторот на мароканската репрезентација.