ВИДЕО: Рен и Ленс одиграа реми со по еден гол на стартот на Лига 1

Фудбалерите на Рен и Ленс одиграа рами со по еден гол (1-1), во четвртиот натпревар од првото коло на новата сезона во Лига 1. Резултатот кој досега беше „најпопуларен“, уште еднаш стоеше на семафорот по крајот на дуелот. Домаќинот успеа да поведе, но кратко се радуваа и Ленс го израмни резултатот. 

  • Извештај од натпреварот: 

Рен успеа да поведе практично од првата сериозна шанса на натпреварот. Младиот Камал Дин Сулемана проби од левата страна и со одмерен удар ја стресе противничката мрежа за 1-0 во 14. минута. Сепак, радоста траеше кратко и веќе во 19, Секо Фофана го врати резултатот на почеток. Играчот на Ленс искористи грешка во одбраната и одблизу погоди за израмнување (1-1). 

Во продолжението, до паузата изостанаа сериозните шанси. Двете екипи се разиграа во самата завршница. Какута и Доку промашуваа први пред двата гола, а во финишот за Рен се закани и Кастиљо. Ленс успеа да постигне погодок во 93. минута, преку Кевин Дансо, кој веднаш беше поништен поради офсајд. 

На крајот, Рен и Ленс мораа да се задоволат со по бод. Преостанатите натпревари од првото коло се играат попладнево и вечерва.

Состави

Bruno Genesio

4-2-3-1

    Franck Haise

    4-4-2