ВИДЕО: Рен го прегази Лион, Бош под притисок од отказ

Екипата на Рен во дербито на колото убедливо го совлада Лион (4-1) и го зголеми притисокот врз холандскиот тренер Питер Бош кој е под закана од отказ.

  • Извештај од натпреварот:

„Лавовите“ играат под очекуваното во Лига 1, се наоѓаат во средината на табелата и далеку од местата кои водат во Лигата на шампионите, па разочараноста кај сите е голема. Бош загуби од еден од директните конкуренти, па сигурно е дека овој меч може да биде кобен за него.

Лион и Рен се надигруваа едно полувреме, а потоа почна потопот на гостите. Рен поведе во 45. минута со погодок на Лаборде, а потоа, Траоре постигна еден, како и Труфе уште два гола, за 4-0 на мечот на „Роажон Парк“. Пред финишот на мечот Лион доби пенал кој во гол го претвори Лукас Пакета.

Рен со овие три бода скокна на петтото место во Лига 1, додека Лион е седмопласиран.

Состави

Bruno Genesio

4-4-2

    Peter Bosz

    4-3-3