ВИДЕО: Ремзи трагичар за Ренџерс, Ајнтрахт по пенали слави трофеј во ЛЕ!

Ајнтрахт

Втора година во низа пеналите го дадоа победникот во финалето на Лига Европа. Оваа сезона донесе среќа за фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт кои беа поуспешни од Глазгов Ренџерс 1-1 (5-4 по пенали). Погодокот од пенал вреден шампионски трофеј го постигна Рафаел Боре.

  • Извештај од натпреварот: 

Средбата тргна со отворен гард на двете екипи, а уште на стартот дојде до спорен момент. Себастиан Роде доби удар в глава од страна на Џон Лундстрам, бликна крв и мораше да реагира медицинскиот тим. 

<<< - ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Роде доби удар и дупната глава, заслужи ли Лундстрам црвен картон?

Првата закана на натпреварот ја имаше Даичи Камада откако проби од левата страна, меѓутоа не се снајде најдобро. За Ајнтрахт се закани и младиот Кнауф, кој изнуди добра одбрана од МекГрегор. На спротивната страна најблизу до гол беше Џо Арибо кој биеше малку крај стативата, а во првиот дел двапати се закани Филип Костиќ. 

Ајнтрахт отвори одлично, го притисна ривалот и имаше неколку опасни акции. Сепак, тоа не резултираше со погодок, па на спротивната страна стигна казната. По една аматерска грешка на Џибрил Соу, топката дојде до Џо Арибо кој го реализира зицерот и Ренџерс поведе (0-1) во 57. минута од средбата. 

<<< - ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Арибо казни груба грешка на Ајнтрахт, Ренџерс води на „Санчез Писхуан“

По примениот гол, германската екипа тргна уште поофанзивно. Линдстром и Камада имаа одлични шанси да го израмнат резултатот, но МекГрегор еднаш одбрани, а еднаш топката заврши над пречката. Израмнувањето пристигна по 69. минути игра, откако Филип Костиќ упати одлична топка на петерецот, а таму Рафаел Боре ја дочека и смести во мрежата на Ренџерс за 1-1. 

<<< - ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Кратко траеше радоста на Ренџерс, Боре погоди за егал во финалето

Во продолжението, двете екипи играа порезервирано, не преземаа преголем ризик и поради тоа изостанаа вистинските шанси. Мечот зачекори кон продолженија, а Ајнтрахт и Ренџерс не ризикуваа да го загрозат стекнатиот резултат и трофејот прерано. Ништо не се промени по првите петнаесет минути. Двата ривали како да чуваа сили за завршен притисок, кој сепак не се случи. Второто продолжение исто така не донесе голови, па победникот во Лига Европа втора сезона во низа се одлучуваше со пенал рулет.

Прва предност во пеналите стекна Ренџерс, а возврати и Ленц од редовите на бундеслигашот. Следуваа сигурни реализации на двете страни до четвртата серија, кога Арон Ремзи промаши и стана трагичар на својот тим. Ајнтрахт беше приморан да ги шутира сите удари од белата точка и не погреши ниту еднаш, што му ја донесе титулата.

Состави

Oliver Glasner

3-4-2-1

    Giovanni van Bronckhorst

    4-2-3-1