ВИДЕО: Реал Мадрид во потера по „чудото од дете“ на Спортинг Лисабон

Гелсон Мартинс

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид ќе испрати скаути на натпреварот Борусија Дортмунд и Спортинг Лисабон, за да „снимаат“ млад 21-годишен фудбалер на португалската екипа. Се работи за Гелсон Мартинс, кој го привлече вниманието на „кралевите“ со одличниот настап во првото коло од Лигата на шампионите на „Сантијаго Бернабеу“.

Крилниот фудбалер има една од најниските плати во Спортинг, околу 120.000 евра годишно, но неговата откупна клаузула изнесува високи 60 милиони евра.