Раздор меѓу Французите, Жиру имал директен судир со Мбапе!?

Мбапе

Прв фаворит на претстојното Европско првенство е репрезентацијата на Франција. Тимот со кој располага Дидие Дешамп е подготвен да го поправи лошиот резултат на домашен терен пред три години.

Меѓутоа во соблекувалната на „триколорите“ владее лоша атмосфера во изминатите неколку дена. Причина за тоа е Оливие Жиру и неговото незадоволство од соиграчите.

Наводно, 34-годишникот се пожалил дека не добива доволно топки кога е на теренот. На тоа бурно реагирал Килиан Мбале, непосредно по завршувањето на тестот против Бугарија. Дури и сакал да одржи прес-конференција, но во последен момент бил спречен од членови на француската репрезентација.

Сите се изненадени од реакцијата на младиот голгетер на ПСЖ. Медиумите веќе започнаа шпекулации дека тој е нервозен и фрустриран бидејќи францускиот гигант не сака да го пушти во Реал Мадрид.

Франција мора итно да ги поправи работите, бидејќи се наоѓа во „групата на смртта“. Ќе биде исклучително тешко да се обезбеди втора фаза во конкуренција со Португалија, Германија и Унгарија.