• Мартин Танасковски

Градските ривали Работнички и Вардар одиграа контролен натпревар како најава за новата сезона кој заврши со триумф на прволигашот (2-0).
Очекувано, Работнички на Илиевски дојде до посакуваната победа во дуелот во кој се темпира формата за продолжението од мак-фудбалот кое е закажано следниот викенд.
Стрелци за Работнички на натпреварот против Вардар беа Гандо Биала во 44. минута и Филип Тодоровски во 68. минута.
Работнички се наоѓа во долниот дел на ПМФЛ и сака подобри резултати оваа пролет, додека Вардар е второпласиран во ВМФЛ и ќе се бори за промоција иако претрпе повеќе измени во екипата, посебно во офанзивниот дел.