ВИДЕО: Пулишиќ ги одведе Американците во финалето на Голд Купот

Двете најдобри репрезентации во историјата на Голд Купот, САД и Мексико ќе играат во големото финалето за време на викендот. Ако Мексико се мачеше  да го „скрши“ Хаваи, Соединетите Американски Држави ја оправдаа фаворитската улога и во реприза од финалето пред две години ја совладаа Јамајка со 3-1. 

Со овој триумф во Нешвил „јенките“ го прославија 4 јули  - денот на независноста.

Првата ѕвезда на американскиот тим и нов член на Челзи, Кристијан Пулишиќ со два гола ја одведе домашната селекција во големото финале. Меѓу стрелците се запиша и Вестон МекКени, а единствениот гол за Јамајка беше дело на Шамер Николсон во 69. минута.

Натпреварот беше прекинат поради невремето што го погоди Нешвил и прекинот траеше повеќе од еден час.

  • Извештај од натпреварот:

Фаворитите ќе се соочат во мечот за титулата во ноќта меѓу недела и понеделник во 03:00 часот по средноевропско време.