Примеира трансфери: Порто фаворит и покрај продажбите, Тринкао го засили Спортинг

Од минатата сезона португалскиот шампионат официјално е петто најквалитетно национално првенство во Европа, според ранкингот на УЕФА и клупскиот коефициент. Примеира ја мина француската Лига 1 и добро се претстави во Европа. Четвртфиналето на Бенфика и осминафиналето на Спортинг Лисабон во Лигата на шампионите, четвртфиналето на Порто во Лига Европа и на Брага во Конференциската лига минатата сезона е во рамките на очекуваните резултати.

Овие четири екипи ќе се борат за титулата и сезонава, со тоа што првакот Порто пак ќе важи за фаворит број еден. Иако загуби два битни фудбалери во средниот ред (Виеира и Витиња), тимот на Консеисао го има ланскиот костур и долгогодишен стручен штаб. Наспроти нив Бенфика многу менуваше. Роџер Шмит дојде на клупата и мора да ги мине квалификациите од Лигата на шампионите, за во клупската каса да влезат доволно пари за да се замени Дарвин Нуњез. Претпоследниот шампион Спортинг, воден од легендата на Бенфика, Рубен Аморим, остана без Палиња, но го врати во Португалија, Тринкао. 

Порто
Дојдоа: Давид Кармо (Брага), Габриел Верон (Палмеирас), Марко Грујиќ (Ливерпул), Андре Франко (Есторил), Стефен Еустакио (Пасош Фереира)

Заминаа:
Витиња (ПСЖ), Виера (Арсенал), Франциско Консеисао (Ајакс), Серхио Оливеира (Галатасарај), Агустин Марчесин (Селта Виго), Диего Леите (Унион Берлин), Чансел Мбемба (Олимпик Марсеј)

Бенфика
Дојдоа: Давид Нерес (Шахтјор), Енцо Фернандез (Ривер Плата), Жоао Виктор (Коринтијанс), Александер Бах (Славија Прага), Петер Муса (Боависта), Михајло Ристиќ (Монпелје)

Заминаа: Дарвин Нуњез (Ливерпул), Евертон (Фламенго), Жота (Селтик), Жедсон Фернандез (Бешикташ), Педро Переира (Монца), Харис Сеферовиќ (Галатасарај), Нуно Сантос (Шарлот)

Спортинг Лисабон
Дојдоа: Рубен Винагре (Волвс), Џереми Сент Жуст (Мајнц 05), Педро Поро (Манчестер Сити), Хидемаса Морита (Санта Клара), Франциско Тринкао (Барселона), Рочиња (Виторија Гимареш)

Заминаа: Нуно Мендеш (ПСЖ), Жозе Палиња (Фулам), Валентин Розие (Бешикташ), Андрас Шпорар (Панатинаикос),  Гонзало Плата (Ваљадолид), Родриго Батаља (Мајорка)

Брага
Дојдоа: Симон Банза (Ленс), Сику Ниакате (Гингкамп), Виктор Гомез (Еспањол), Диего Лаинес (Бетис)

Заминаа: Давид Кармо (Порто), Каху (Арис Лимасол), Раул Силва (Универзитатеа Крајова)

Вечерва Бенфика и Арука го отвораат новото португалско првенство, од кое очекуваме нов бран на млади таленти, во кои ќе бидат вперени очите на европската елита. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.