Познато е кога Кристијано Роналдо ќе дебитира за Ал Наср

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо не можеше да дебитира за Ал Наср веднаш по пристигнувањето, а објавено е кога тој ќе го облече за првпат дресот на тимот од Саудиска Арабија.

Близок извор на клубот на медиумите им открил дека дебито на Роналдо е закажано за 22 јануари, кога тимот на Ал Наср ќе игра против Ал Итифак. За Португалецот да има место во тимот, тимот од Саудиска Арабија мораше да го раскине договорот со Винсент Абубакар.

Причината за раскинот на договорот е квотата на странци. Во спротивно Роналдо немаше да може да биде регистриран. Истовремено, Роналдо мораше да паузира два меча поради казната од ФА затоа што скрши мобилен телефон на мечот со Евертон.