Повредата на Халанд е посериозна, во најлош случај нема да игра оваа година

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд е повреден и не настапува за Борусија Дортмунд. 

Голгетерот оваа сезона одигра за „милионерите“ одигра девет натпревари, постигнувајќи тринаесет погодоци, но потоа се повреди. Халанд не играше од крајот на септември, а потоа се врати и по два натпревари ја обнови повредата. 

Според пишувањето на германскиот „Билд“, одличниот напаѓач ќе мора да одмори подолго. Во најлошо сценарио, годината за Халанд е готова и ќе мора да паузира до јануари. Сепак, во Борусија се надеваат дека бидејќи е млад, ќе успее да се врати порано. 

Халанд играше во неверојатна форма, па вистинска штета е што повредата го спречи да тресе мрежи за Борусија Дортмунд.