ВИДЕО: Потешко беше да промаши – Обамејанг се посрамоти против Њукасл!

Фудбалерите на Арсенал запишаа победа од 2-0 против Њукасл Јунајтед во Премиер лигата, откако во вториот дел го скршија гостинскиот отпор и погодуваа Букајо Сака и Габриел Мартинели.

Сепак, потег кој ќе остане запаметен од овој натпревар беше промашувањето на Пјер Емерик Обамејанг. Фудбалерот, кој е само бледа сенка на ѕвездата од претходните сезони на Арсенал, имаше шанса на празен гол, но се посрамоти на „Емирати“. 

  • Промашувањето на Обамејанг против Њукасл:

Ова дефинитивно е меѓу најголемите промашувања оваа сезона во Премиер лигата. Обамејанг требаше само да ја смести топката во мрежата на веќе паднатиот Дубравка, а изгледаше дека е потешко да се промаши, но...  

Состави

Микел Артета

4-4-1-1