Португалска фешта во Манчестер: Роналдо и Бруно го средија Њукасл! (ВИДЕО)

Екипата на Манчестер Јунајтед на домашен терен славеше над Њукасл (4-1) во спектакуларниот натпревар кој беше прв по враќањето на Кристијано Роналдо во дрест на тимот од „Олд Трафорд“.

  • Извештај од натпреварот:

Португалската ѕвезда пристигна од Јувентус и дебитира со стил. Навивачите на „ѓаволите“ уживаа во магијата на еден од најдобрите светски играчи кој ги поздрави со два погодока по второто деби во дресот на овој клуб.

Долго време Јунајтед притискаше, но не ја круниса играта со гол. Њукасл имаше шанса да казни во средината на првиот дел, ама Де Геа беше на висината на задачата и интервенираше одлично. Кога сите чекаа крај на првото полувреме, Роналдо го даде првиот гол на мечот. По еден шут топката се одби до Португалецот и тој ја стресе мрежата на ривалот.

На стартот на вториот дел гостинот успеа да изедначи преку Манкиљо (1-1), меѓутоа радоста траеше нешто повеќе од пет минути, затоа што Роналдо со вториот гол, овој пат мајсторски, по асистенција на Шо, ја врати позитивата на контото на „ѓаволите (2-1). Во 80. минута уште еден Португалец се запиша во листата на стрелците, тоа беше Бруно Фернандез, за 3-1, a пред финишот погоди и Џеси Лингард.

Манчестер Јунајтед во следната рунда ќе гостува кај Вест Хем. „Ѓаволите“ по четири кола се лидери на табелата во Премиер лигата. Њукасл нема победа и првиот успех ќе го бара дома против Лидс Јунајтед.

Состави

Ралф Рангник

4-4-2