ВИДЕО: Порто пак ја декласира Бенфика и се искачи на врвот на Примеира

Вторпат во една недела португалското „О Класико“ на „Драгао“ им припадна на фудбалерите на Порто, а кризата во Бенфика е евидентна и покрај тренерската смена. Дуелот од 16. коло на Примеира заврши со победа на „змејовите“ со 3-1 (2-0), со што тимот на Серџо Консеисао се врати на врвот на табелата, со ист број на бодови како и првакот Спортинг. Бенфика, која пред неколку дена го отпушти Жорж Жесус, сега заостанува седум бода зад ко-лидерите. 

  • Извештај од натпреварот:

Домаќините започнаа агресивно и брзо поведоа преку младиот Бразилец Пепе. Сепак, голот беше поништен заради офсајд, подоцна потврден и од ВАР-собата. Подобрата игра „сино-белите“ ја крунисаа со два гола за три минути во финишот на првиот дел. Прво Виеира влета од втор план и го матира Влаходимос, а потоа Пепе со глава, по убавиот центаршут на Отавио ја зголеми предноста.

Бенфика подобро го отвори вториот дел и брзо намали преку Јеремчук во 46. минута. Сепак, само три минути подоцна капитенот на „орлите“, Алмеида заради два жолти картони беше исклучен и Порто доби отворен пат до лесна победа. По серијата шанси потврда на победата донесе Иранецот Тареми, на додавање на Витиња во 69. минута. 

Бенфика делуваше нокаутирана и може да биде задоволна што не загуби уште поубедливо. 

Состави

Sergio Conceicao

4-4-2

    Verissimo

    3-4-3