ВИДЕО: Порто го доби „О Класико“ и прослави титула на теренот на ривалот

По една година и титула во „зелено-белиот“ дел на Лисабон, превласта во португалскиот фудбал се враќа во Порто. Со победата на „Да Луж“ со 0-1 (0-0), тимот на Серџо Консеисао и математички на запечати титулата на теренот на лутиот ривал.

Со голот на Сануси во финишот Порто ја круниса одличната сезона, во која долго немаше пораз, со триумф и триесетта титула. „Змејовите“ долго беа непоразени, но пред десетина дена потклекнаа против Брага на гостински терен.

Екипата на Серџо Консеисао јурипа на двојна титула затоа што следниот викенд ќе игра финале на Купот против Тондела.

  • Извештај од натпреварот: 

Во битката за второто место, кое исто така води во Лигата на шампионите, Спортинг е втор на табелата независно од исходите на другите натпревари, а третопласираната Бенфика заостанува дури седумнаесет бодови.

Состави

Роџер Шмит

4-4-2

    Sergio Conceicao

    4-4-2