ВИДЕО: Порази на САД и Канада, Мексико го потврди пласманот на СП

Ноќва беа комплетирани и квалификациските натпревари за Мундијалот во Катар под капата на КОНКАКАФ во Средна и Северна Америка. Фаворизираните Канада и Соединетите Американски Држави немаа резултатски мотиви и ги загубија своите натпревари, додека пласман на Светското првенство обезбеди селекцијата на Мексико, додека Костарика ќе игра бараж. 

Мексиканците на својата „Азтека“ во Мексико Сити ја дочекаа репрезентацијата на Ел Салвадор, важеа за апсолутен фаворит и ја оправдаа својата улога со триумф од 2-0 (2-0). Со погодоците на Уриел Антуња и Раул Хименез од белата точка, домашната селекција имаше двојна предност уште пред паузата, па потоа рутински го доигра дуелот и го чекира билетот за Катар. 

Лидерот во квалификациската група Канада загуби на гостувањето кај Панама со 1-0 (0-0). На дуелот на „Ромел Фернандез“ ниту на едните, ниту на другите не им беа потребни бодови. Домаќинот со погодокот на Габриел Торес поведе на стартот на вториот дел, а Канаѓаните имаа еден поништен погодок и загубија во Панама Сити. 

  • Панама - Канада 1-0:

Костариканците не дочекаа кикс на Мексико и иако со 2-0 (0-0) славеа против фаворитот Соединетите Американски Држави, ќе мора да играат бараж за пласман на Мундијалот. Со два брзи гола преку Варгас и Контрерас во вториот дел, Костарика ја исполни својата цел во квалификациите. Во интерконтиненталниот бараж оваа селекција ќе вкрсти со Нов Зеланд.

  • Костарика - САД 2-0: 

Последна победа во групата запиша и Јамајка во дуелот со „фенерџијата“ Хондурас од 2-1.