ВИДЕО: Полицијата спречи линч на директорот на ЦСКА Софија

ЦСКА Софија

Навивачите на ЦСКА Софија не беа задоволни од изданието на фудбалерите на дуелот со летонска Лиепаја.

Најжестоките фанови своето разочарување го изразија со тензични инциденти на трибините. Тие бараа објаснување од играчите, а во еден момент тргнаа да го го нападнат директорот на клубот Стојчо Стоилов. 

Ситуацијата излезе од контрола, па полицијата мораше да интервенира и да спречи линч на функционерот на ЦСКА.

Виновни за овој испад беа членовите на навивачката група „Animals“, кои го загубија трпението по крајот на натпреварот, кој заврши без голови.