• Мартин Танасковски

Екипата на Академија Пандев со реми против Детонит Плачковица (1-1) ги заврши подготовките пред продолжението на настапот во Првата македонска фудбалска лига.
Струмичани го реновираа целиот тим, а во последниот пријателски натпревар ремито им го донесе Крстевски.
Брегалница беше подобра во пријателскиот меч со Беласица со 3-1 (2-0). Головите за штипјани ги дадоа Додев, Димитриевски и Ѓорѓиев, додека за струмичани стрелец беше Амедов.
Триумф на последната контролка забележа и Победа против велешки Борец (2-1). Двоен стрелец за прилепчани беше Андреј Кудијан, единствен стрелец за Борец на последната средба беше Марко Ѓеоргиевски.