По долго време португалски тим пак во Македонија

По долги деветнаесет години, во Македонија гостува тим од Португалија! Последен пат тука гостуваше Лешоеш против Беласица во 2002 година, а за првпат дојде Порто против Вардар во 1987 година. Екипата на Шкупи го скрши малерот и откако мина едно европско квалификациско коло, ждрепката посака тимот од Чаир во рамки на втората квалификациска рунда од Конференциската лига да игра со португалска Санта Клара.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Шкупи - Санта Клара

Тимот од Азорските острови кој е првиот од овој регион кој игра во Европа, заврши како шести во Примеира и повторно се врати на европската мапа. Санта Клара последен пат имаше европско лето во сезоната 2002/03, кога беше дел од Интертото Купот. Сега, ситуацијата е поинаква, португалскиот тим го имаше најдобриот пласман во историјата и кам-бекот во куповите ќе го има против Шкупи.

Гоце Седлоски успеа да им ја донесе на „гулабите“ првата европска победа, откако на домашен терен Шкупи го совлада косовски Лапи (2-0). Потоа, на гостински терен се дојде до реми (1-1), доволно за следна рунда. Знаејќи го квалитетот на португалската лига, Санта Клара важи за голем фаворит против македонскиот вицешампион. Тимот кој оваа година слави 100-годишнина од формирањето има состав кој е микс на домашни и на јужноамерикански играчи – интернационалците претежно доаѓаат од Бразил и Уругвај.

Сите квоти во MOZZART за останатите натпревари од КЛ

Најдобриот играч на противникот е Карлос Жуниор, бразилски напаѓач кој лани на 36 натпревари постигна 16 гола и заедно со уште четири асистенции беше прво име на листата на стрелците. Тој одигра и најмногу минути за Санта Клара. Единствена дилема за португалскиот тим пред мечот со Шкупи е настапот на Костиња, кој се повреди. Дури и без него, Санта Клара е голем фаворит против Шкупи. Во Скопје очекуваме победа на гостите, но можно е македонскиот тим да постигне барем гол во мрежата на противникот затоа што ќе мора да тргне офанзивно.