ФОТО: Пиоли со тетоважа го одбележа својот прв голем трофеј

Фудбалерите на Милан го кренаа трофејот во Серија А, откако во последното коло славеа во Реџо Емилија кај Сасуоло со 0-3. „Росонерите“ можеа да го обезбедат скудетото и со бод, меѓутоа одиграа убедливо прво полувреме и по 19. пат станаа првак на Италија. 

Ова беше најголем успех во кариерата на искусниот стручњак, Стефано Пиоли. Тој во минатото седеше на клупата на Интер и Лацио, а водеше и клубови како Фиорентина, Болоња, Палермо, Киево, Парма, Сасуоло, Пјаченца, Гросето, Модена и Салернитана. Поради тоа Пиоли беше далеку од битка за трофеи, па на 56 годишна возраст се израдува на првото скудето. 

Бидејќи ова беше значаен момент во неговата кариера, Пиоли реши да го одбележи со посебна тетоважа. Тој го истетовира знакот кој го користат клубовите и го симболизира скудетото, а на него е испишан бројот 19. Иако кога дојде во Милан беше оспорен, Пиоли успеа по 11 години да го врати трофејот во витрините на „росонерите“.