Пиоли: Не заслуживме пораз, заслуживме да постигнеме повеќе голови

Само вторпат во 2022 година Милан загуби на домашен терен, откако доцна синоќа Елмас и неговиот Наполи донесоа три бода од Ломбардија.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли не криеше дека е разочаран по поразот од Наполи. Милан ја погоди пречката на пет минути пред крајот и пропушти да се спаси од пораз. Политано од пенал и Симеоне ги постигнаа головите за Наполи, а Жиру погоди за шампионот.

„Не сум задоволен од играта. Требаше да постигнеме повеќе голови. Разочарување владее во нашиот табор, бидејќи не требаше да загубиме. Игравме подобро од Наполи“, изјави Пиоли.

Милан падна на петтото место со 14 бода. Наполи е лидер во Серија А со 17 бодови, со ист број на бодови како и Аталанта.
 

Состави

Стефано Пиоли

4-2-3-1

    Лучијано Спалети

    4-2-3-1