Пиоли го загуби медалот при инвазијата од навивачите, побара да го добие назад

Пиоли

Милан запиша убедлива победа на гости кај Сасуоло и ја освои титулата во Серија А по пауза од единаесет години.

Тимот на Стефано Пиоли ги одби сите напади на Интер, кој исто така славеше во последното коло, но остана на второто место и не успеа да го одбрани тронот. Предводникот на „росонерите“ за време на лудото славје, при кое навивачите го преплавија теренот, го загубил медалот за освоениот трофеј, пишуваат италијанските медиуми.

„Би сакал да го добијам назад, сепак тоа е прв медал за мене“, порача Пиоли по натпреварот.

Раководството на Серија А потврди дека ако тоа е случајот, Пиоли ќе добие нов медал во наредните денови.

Состави

Алесио Дионизи

4-3-3

    Стефано Пиоли

    4-2-3-1