• Иван Димовски

Екипата на Барселона привршува една турбoлентна сезона, која на крајот ќе ја заврши на втората позиција во шпанската Примера. Главните играчи поради финансиските проблеми беа приморани да ги намалат платите, а Лео Меси и замина од клубот поради истата причина.
За ситуацијата со поранешниот најдобар играч на Барса, зборуваше неговиот голем пријател и соиграч, Жерард Пике.
„Меси беше најдобар фудбалер на Барселона. Секогаш кажував дека благодарение на него освојувавме титули, но имавме и добар тим. Поединецот не може сам да одлучи во трката за трофеи.
Можам да разберам зошто Меси не го продолжи договорот. Клубот западна во финансиски проблеми поради лошото работење. Сепак, на крајот од денот тоа се работи што се случуваат во животот. Понекогаш носите одлуки кои се спротивни од посакувањата“, изјави Пике.
Меѓу другото, шпанскиот стопер призна и дека заплакал кога Меси се разделил со тимот кој го сака.