ВИДЕО: Партизан обезбеди европска есен, Тотенхем и Рома без проблеми во КЛ

Српскиот фудбалски вицешампион Партизан обезбеди европска есен, откако во реваншот против Санта Клара извојува сигурна победа од 2-0, која му овозможи учество во новото натпреварување на УЕФА, Конференциската лига.

„Црно-белите“ по поразот во Португалија од 2-1, уште од самиот старт на мечот во Белград ја анулираа негативата и влегоа во позитива. Во 25. минута резултатот го отвори Гомеш, а само 120 секунди подоцна на 2-0 зголеми Саничанин. Португалскиот тим на неколку наврати се обиде да се врати во игра и се закануваше кон домашниот гол, но одбраната на Партизан одолеа на налетите и заслужено ќе игра во групната фаза на третата по ранг лига на „стариот континент“.

Меѓу најдобрите во ова натпреварување се најде и лондонски Тотенхем, кој воден од првата ѕвезда Хари Кејн (два гола) со 3-0 славеше над Пасош Фереира.

  • Тотенхем - Пасош Фереира 3-0:

Изненадување не дозволи ниту Рома на Жозе Мурињо. „Римската волчица“ со вкупни 5-1, од кои 3-0 вечерва, го елиминира Трабзонсор и заедно со Тотенхем ќе ја има фаворитската улога за трофејот во Конференциската лига. 

Ждрепката за првото издание на групната фаза на Конференциската лига на УЕФА е закажана за утре во 13:00 часот.