Пандев: Прогноза за Серија А? Според мене Инзаги со Интер има најсилен тим

Горан Пандев

Тешко е да се предвиди кој ќе заврши на врвот на Серија А оваа година, со оглед на променливата форма на калчолигашите на почетокот од сезоната. Само пет бода ги делат првите осум позиции на табелата. 

Горан Пандев даде своја прогноза во разговор со „Газета дело Спорт“. Изборот на нов шампион на Италија беше очекуван, со оглед на тоа што тој верува дека Интер ќе заврши на врвот на крајот од сезоната.

„Ова е најбалансираната Серија А со години. Погледнете ги Рома и Лацио, никогаш не биле посилни.

Моја прогноза? Интер и Инзаги имаат најсилен тим, особено со доаѓањето на Лукаку. Се надевам дека Интер ќе ја заврши работата која не успеа да ја оствари лани“, изјави македонската легенда.

Меѓу сите фаворити за висок пласман изненадува Удинезе. Тимот на Илија Несторовски има бод помалку во однос на водечките Наполи и Аталанта.