Пандев меѓу најефективните голгетери во Серија А во 21-от век

Франческо Тоти е на врвот меѓу најефективните фудбалери во италијанска Серија А на натпреварите во 21-от век. Легендата на Рома на 444 натпревари запиша 207 гола и 121 асистенција. Тоа му носи убедлива прва позиција пред Антонио Ди Натале, кој учествувал во вкупно 281 погодок.

На листата од дваесет имиња има место и Горан Пандев. Македонскиот фудбалер запиша настапи во дресовите на Интер, Лацио и Наполи. Одигра 491 натпревар, постигна 101 погодок и подели 49 асистенции.

Златан Ибрахимовиќ и Марек Хамшик се дел од најдобрите десет, каде доминираат италијанските интернационалци.