• Мартин Танасковски

Македонскиот фудбалер Горан Пандев не го одигра последниот натпревар во сезоната за Парма, па италијанските медиуми најавуваат дека тој ќе донесе важна одлука и ќе игра уште една сезона.
Извори блиски до фудбалерот велат дека тој е подготвен да ја пролонгира пензијата. Иако најави дека заминува по крајот на сезоната со Парма, сепак, популарниот „Гранде Пандев“ сакал да одигра уште една сезона и размсилува за тоа.
Пандев пристигна во Парма во зимскиот преоден рок од тимот на Џенова. 38-годишниот струмичанец е во Италија од 2001 година, со мала авантура во Турција во 2014 година кога настапуваше за Галатасарај.
Поранешниот капитен на македонската репрезентација играше за Парма, Џенова, Наполи, Интер, Лацио, Анкона, Специја, а во Македонија беше дел од Беласица од 1999 до 2001 година.