ВИДЕО: Пандев и Џенова го намачија Милан, „росонерите“ по продолженија во четвртфинале

Неколку часа по Ељиф Елмас, и вториот македонски интернационалец во Серија А, Горан Пандев претрпе елиминација од Купот на Италија. Иако беше аутсајдер, тимот на Џенова го намачи второпласираниот тим во Серија А, Милан, и тоа на „Сан Сиро“.

  • Извештај од натпреварот: 

„Росонерите“ извојуваа победа од 3-1 по 120 минути игра, откако во регуларниот тек натпреварот заврши 1-1. Горан Пандев влезе во игра во 85. минута, но не доби многу употребливи топки, бидејќи Џенова делуваше уморна и ги бранеше активните 1-1.

Гостинот од Лигурија поведе преку Остигард во 17. минута, а Жиру го изедначи резултатот во 74. минута. Кон крајот на првото продолжение Португалецот Рафаел Леао во 102. минута со прекрасен гол од мртов агол го изненади голманот на Џенова и првпат ги доведе момците на Пиоли во водство. Подоцна Алексис Салемакерс во 112. минута погоди за финални 3-1.

Милан во четвртфиналето ќе се сретне со поуспешниот од дуелот Лацио - Удинезе, кој се игра следната недела во Рим. Четвртфиналисти на Купот на Италија се и Аталанта, која вчера ја исфрли Венеција и Фиорентина која денес го декласира Наполи.

Состави

Стефано Пиоли

4-4-2

    Alexander Blessin

    4-3-3