ВИДЕО: Падна како „покосен“ без допир, фудбалер на Динамо со срамна симулација

Динамо

Динамо Загреб загуби на воведниот меч од новата сезона и тоа на домашен терен во дуелот со Славен Белупо.

Надополнувањето од девет минути на крајот од натпреварот донесе срамна симулација на домашниот фудбалер Лука Менало. Неговиот потег за да извлече реакција од судијата, во што успеа, треба драконски да се казнува, гласи пораката на фановите на социјалните мрежи.

Стефан Ристовски одигра цел натпревар, а Аријан Адеми беше поштеден и остана на клупата за резерви.