Откриена причината: Еве зошто Боно „исчезна“ од терен на мечот со Белгија

Бизарна ситуација се случи пред натпреварот меѓу Белгија и Мароко затоа што мистериозно го снема голманот Боно кој се загреваше, ја испеа химната и се најде во стартниот тим, а по крајот на средбата, мистеријата е разрешена.

31-годишникот излезе со репрезентацијата на теренот, беше дел од интонацијата на химните, за потоа мистериозно да го „снема“ од тимот. Неговото место го зазеде Мунир уште пред стартот на натпреварот, со што ги зачуди сите кои го следеа дуелот во Доха. На оваа тема говореше селекторот на Мароканците, Валид Реграгуи.

„Боно доби удар и беше повреден од натпреварот против Хрватска. Ние се обидовме со него до крајот. Ни побара шанса и му ја дадовме. Се загреа во најдобар ред, а по интонирањето на химните кажа дека чувствува голема вртоглавица, ама дека сака да игра. Не му дозволивме, затоа го заменивме“, изјави селекторот на Мароко.

Мароко и без Боно забележа огромна победа над Белгијците (2-0) со која си ги отвори портите кон нокаут-рундата на Мундијалот во Катар.

Состави

Роберто Мартинез

3-5-2

    Валид Реграги

    4-1-4-1