Откако пропадна трансферот во Рома, Џака потпишува нов договор со Арсенал

Швајцарскиот репрезентативец, Гранит Џака најверојатно нема да го напушти Арсенал, откако со клубот од „Емирати“ е пред потпис на нов договор. 

Иако беше пред трансфер во Рома, откако во последен момент пропадна неговата преселба во Рим, искусниот играч за врска се реши да ја продолжи верноста со „топџиите“ и на маса има договор со важност до јуни 2025 година.

Островските медиуми пишуваат дека со новиот договор, Џака ќе добие и значително повисока плата, како и улогата на заменик капитен, со опција за прв капитен, доколку Обамејанг го напушти Лондон.

28-годишниот играч за врска во Арсенал пристигна во 2016 година од Борусија Манхенгладбах, а претходно го носеше дресот на Базел.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.