ВИДЕО: Ориги е херој на Ливерпул, во 94. минута го „скрши“ Вулверхемптон!

Фудбалерите на Ливерпул успеаја доцна да го скршат отпорот на Вулверхемптон и со победа од 0-1 (0-0) си заминуваат од „Молинеу“. Пресметката од 15. коло на Премиер лигата долго немаше погодоци, гостите не успеваа да го скршат отпорот на „волците“, ама резервистот Дивок Ориги го одлучи натпреварот. „Црвените“ го искористија киксот на Челзи и го надминаа ривалот на табелата, а барем до вечерва ќе бидат лидер. 

  • Вулверхемптон - Ливерпул 0-1:

Првиот дел мина без премногу возбудувања, Жота се најде во најдобрата шанса за Ливерпул, но не успеа да реализира. По паузата како да се отворија двата тима. Алкантара и Дендонкер ги тестираа голманските способности, но промени на резултатот немаше. 

По лошата проценка и излетувањето на голманот Хозе Са, Диого Жота тргна сам кон празната мрежа, но од пет метри успеа да погоди во блокот на Саис кој застана на гол-линијата. Португалецот можеше да биде херој, а изгледаше дека Волвс ќе издржи до самиот крај. Сепак, практично во последната акција Дивок Ориги реализираше откако шанса му „сервираше“ Салах, за 0-1 во 94. минута. 

Екипата на Њукасл успеа да запише победа по пауза од 15 натпревари во низа, па дома се радуваше против Барнли (1-0), додека реми одиграа Саутемптон и Брајтон (1-1). 

  • Саутемптон - Брајтон 1-1:

Попладнево се игра уште дуелот меѓу Вотфорд и Манчестер Сити

Состави

Јулен Лопетеги

3-4-3

    Јирген Клоп

    4-3-3