Оле веројатно ќе „преживее“, Тотенхем последна шанса за Норвежанецот

Според најавите од англиските угледни медиуми, пред сè „Скај Спортс“, но и пишувањето на Фабрицио Романо во Манчестер Јунајтед нема да дојде до тренерска смена оваа седмица. 

„Црвените ѓаволи“ беа декласирани во дербито со Ливерпул, загубија дома со 0-5, а по состанокот на управниот одбор на клубот е одлучено да нема смена веднаш. Имено, Оле Гунар Солскјер ќе „преживее“ барем до следната седмица. 

Притисокот врз тренерот на Манчестер Јунајтед сега е уште поголем, бидејќи според најавите дуелот со Тотенхем му е последна шанса. При негативен резултат против „петлите“, Солскјер веројатно дефинитивно ќе замине од Јунајтед. 

Клубот веќе работи на негова замена, а прва алтернатива е Антонио Конте кој моментално е без ангажман.