Оле: Роналдо со неговото доаѓање ја подигна борбената готовност на сите во клубот

Оле Гунар Солскјер, менаџерот на Манчестер Јунајтед, вели дека Кристијано Роналдо со своето доаѓање ја подигна борбената готовност на сите во клубот.

Во Јунајтед е ритуал новите играчи да се обратат на тимот и да се претстават, а норвешкиот стратег откри дека во петокот вечерта и Роналдо застанал пред своите соиграчи во хотелот.

„Секој што доаѓа мора да се претстави - не секој го знае неговото име, но сега знаат. Рече дека се вика Кристијано и дека може да каже само толку“, се пошегува норвешкиот стручњак на прес-конференцијата по победата од 4-1 над Њукасл.

<<< ПОВРЗАНО - Португалска фешта во Манчестер: Роналдо и Бруно го средија Њукасл! (ВИДЕО)

На своето второ деби како „ѓавол“, Роналдо постигна два гола и го водеше тимот кон нова победа во Премиер лигата.

„Атмосферата околу клубот беше електрифицирана, навивачите навистина уживаа во претходните десет дена - откако тој дојде, имаше многу очекувања за оваа средба, и тие беа исполнети. Роналдо ги подигнува сите други, ги тера сите да се концентрираат - си поставува високи барања себе си, а тоа се пренесува на неговите соиграчи и нам. Затоа направи толку многу во кариерата, многу е дисциплиниран“, додаде Солскјер.

Манчестер Јунајтед и Челзи моментално имаат десет бода и го делат врвот на табелата, а „ѓаволите“ во следното коло ќе гостуваат кај Вест Хем, в недела од 15:00 часот.

Состави

Ралф Рангник

4-4-2