ОФИЦИЈАЛНО: Милан го промовира Чарлс Де Кетелар

Фудбалскиот клуб Милан се пофали со новата аквизиција на офанзивните позиции и го промовира Чарлс Де Кетелар. 21-годишниот Белгиец пристигна од редовите на Клуб Бриж и ја задолжи клупската опрема на „росонерите“. 

За сума од 32 милиони евра во основна исплата, плус уште три во бонуси, Милан го доведе „новиот Де Брујне“, како што го нарекуваат во Белгија. Де Кетелар доцна синоќа пристигна во Милано, а денес ги мина медицинските прегледи и стави потпис на договор со првакот на Италија. Се работи на договор до 2027 година, според кој се очекува да заработува околу 2,2 милиони евра. 

Де Кетелар нема да менува број на дресот, па и во Милан ја задолжи опремата со број 90. Белгиецот е трето засилување на „росонерите“, откако претходно пристигнаа Јачин Адли и Дивок Ориги, а откупени беа и Алесандро Флоренци и Жуниор Месиас. Шампионот на „чизмата“ ќе работи на уште неколку трансфери, веројатно на крилната позиција, на средината и на стоперските места. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.