ОФИЦИЈАЛНО: Милан доведе европски првак на десната бековска позиција

Екипата на Милан промовираше ново име во овој трансфер период, откако во клубот пристигна и Алесандро Флоренци. „Росонерите“ по долга пауза се вратија во Лигата на шампионите, па сега Паоло Малдини и Фредерик Масара работат на создавање на респектабилен тим за натпреварување на три фронта. 

Флоренци минатите две сезони беше позајмуван во Валенсија и ПСЖ од Рома, иако претходно беше капитен на тимот. Во Милано пристигна на позајмица за сума од еден милион евра, а клубот ќе има опција за откуп до следното лето од 4,5 милиони. Зад бекот е успешно лето, бидејќи беше дел од селекцијата на Италија со која дојде до трофејот на Европското првенство. 

Досега во тимот дојдоа Мајк Мењо, Оливие Жиру, Бало Туре, ја обновија позајмицата на Брахим Диаз, а ги откупија договорите на Фикајо Томори и Сандро Тонали. Милан преговара и со други имиња за првиот тим, па до крајот на август се очекува да пристигнат и нови засилувања. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.