ОФИЦИЈАЛНО: Мартинез останува селектор на Белгија до 2022 година

Роберто Мартинез

Селекторот на Белгија, Роберто Мертинез, официјално го продолжи догорворот и ќе остане на функцијата до 2022 година.

Фудбалската федерација ја потврди оваа информација со интересно видео на социјалните мрежи.

По авантурата во Велика Британија, шпанскиот тренер прифати да ја води белгиската репрезентација во 2016 година. Две години подоцна историската генерација на државата, предводена од Азар, Де Брујне, Лукаку и многу други, ја однесе до третото место на Светското првенство во Русија.

Уште во февруари Мартинез изјави дека негова намера е да продолжи да биде селектор на Белгија, а по долгите преговори и разговори, тоа се реализира денес, со официјализацијата на соработката.