ОФИЦИЈАЛНО: Мартинага ја напушти Академија Пандев и се врати во Хрватска

Македонскиот фудбалски вицепрвак Академија Пандев остана без еден од најдобрите фудбалери, откако најавите дека Марко Мартинага си заминува од Струмица и се враќа во татковината, денес беа потврдени.

Хрватскиот лев бек кој има 24 години последните две години ги мина во нашата земја. Прво играше за Вардар, а потоа заедно со Александар Васоски се пресели во екипата на Академија Пандев. 

Но, неговата авантура во Струмица не траеше долго, затоа што и официјално стави потпис на двегодишен договор со тимот на Славен Белупо. Токму овој клуб е матичен на Марко Мартинага, затоа што тој таму ја почна фудбалската кариера.

Хрватот за Академија Пандев во последната сезона одигра 31 натпревар на кои постигна еден гол и забележа уште две асистенции.