Македонија во Букурешт ќе игра пред 27.000 луѓе?

Европското првенство во фудбал стартува утре со првиот меч меѓу Италија и Турција, а Македонија ќе дебитира на турнирот в недела против Австрија. 

Поради ковид-пандемијата речиси во секоја држава беа дозволени различни проценти на посетеност на трибините, а во Букурешт каде што Македонија ќе игра два натпревари во продажба досега беа 33% од капацитетите на стадионот. 

Сепак, на три дена до првата средба во Романија најавени се промени и зголемување на дозволениот број навивачи на трибините. Се очекува на „Националната Арена“ во Букурешт да присуствуваат 50% гледачи од капацитетите на стадионот, односно двојно повеќе од најавеното. Тоа значи дека наместо нешто над 13.000 фанови, натпреварите ќе можат да ги следат нешто повеќе од 27.000 луѓе. 

Засега не е официјализирана оваа информација бидејќи се разгледуваат опциите. На сила останува одлуката за примање на 33% од капацитетот на стадионот, а се очекува потврда или одбивање на одлуката за зголемување на бројот на фанови.