ОФИЦИЈАЛНО: Дејан Станковиќ ќе ја спасува Сампдорија!

Италијанската Сампдорија го официјализираше доаѓањето на Дејан Станковиќ за нов тренер на клубот од Џенова.

Станковиќ со раководството на калчолигашот си подаде рака за договор до крајот на сезоната за 700.000 евра, со опција за продолжување на соработката на уште една година и бонус од 400.000 евра доколку опстане во Серија А.

„Ситуацијата не ме плаши, доволна ми е клупската историја. Задоволен сум од играчите со кои располагам“, изјави Станковиќ пред промоцијата во Џенова.

Сампдорија по осум кола е последена на табелата со само два бода, четири помалку од најблискиот тим од сигурната зона на Болоња. Станковиќ ќе дебитира против Рома во понеделник од 18:30 часот.