ОФИЦИЈАЛНО: Арсенал го откупи Мартин Одегард од Реал Мадрид

Арсенал реши да му ја исполни големата желба на Микел Артета и го договори трансферот на Мартин Одегард од редовите на Реал Мадрид. 

Новрежанецот кој одигра една полусезона како позајмен во северен Лондон, сега се враќа во клубот во целосен трансфер вреден 35 милиони евра. „Кралевите“ немаа место за одличниот офанзивец, но затоа „топџиите“ го гледаат како круцијален дел од тимот за новата сезона. Одегард веќе и официјално го потпиша договорот со Арсенал, кој ќе биде валиден до јуни 2025 година. 

  • Официјалната потврда на трансферот: 

Одегард пристигна во Лондон во јануари, одигра 20 натпревари во дресот на Арсенал и запиша по два гола и асистенции. Сепак, во повеќе наврати 22-годишниот плејмејкер го покажуваше раскошниот талент, нешто што го правеше и во Реал Сосиедад во минатото, каде што играше како позајмен. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.