ОФИЦИЈАЛНО: Ајакс го промовира наследникот на Тен Хаг

Екипата на Ајакс по крајот на оваа сезона останува без услугите на Ерик Тен Хаг кој ќе го преземе Манчестер Јунајтед. 

Поради тоа, „копјаниците“ бргу ја најдоа алтернативата и го промовираа новиот тренер. Се работи за Алфред Шредер кој доаѓа од Клуб Бриж во Белгија. Холанѓанецот се враќа во Ајакс, бидејќи веќе работеше како помошник во стручниот штаб токму под водство на Тен Хаг. 

Во својата кариера Шредер беше почесто асистент, работеше во Витесе, Твенте, Хофенхајм, Ајакс и Барселона, додека самостојно ги водеше Твенте, Хофенхајм и Клуб Бриж. 49-годишникот сега ја наследи позицијата на Тен Хаг и ќе мора да го докаже својот квалитет.