• Сашо Поповски

Арсенал сакаше нова соработка со Мартин Одегард, но норвешкиот интернационалец потврди дека заминува од Лондон.
Младиот талент ќе се врати во Реал Мадрид и ќе се докажува кај новиот тренер Карло Анчелоти. 22-годишникот веќе четири години е на позајмица и никако не може да се наметне на „Сантијаго Бернабеу“.
Одегард пристигна во шпанската престолнина пред шест години, како голема надеж на светскиот фудбал. Негов матичен клуб е Стромсготсет.
Од редовите на мадриѓани би можел да си замине Иско. Шпанецот со тоа би оставил опција плус во средниот ред на „кралевите“.