Ново засилување за најтрофејниот, Радуловиќ-Величковиќ се врати во Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар го промовира Мартин Радуловиќ-Величковиќ како ново-старо име во составот. Откако дел од играчите заминаа, клубот од Скопје прави регрупирање на редовите, па носи нови имиња за втората полусезона во Втората македонска фудбалска лига. 

Мартин Радуловиќ-Величковиќ доаѓа од редовите на Слован Братислава, каде што го имаше својот прв интернационален предизвик. Тој беше дел од првиот тим на Вардар во сезоната 2020/21, настапувајќи 25 пати во ПМФЛ. 

Досега екипата на Вардар ги доведе Дејан Цветановски, Дарко Размоски, како и Роберт Митев. До стартот на втората полусезона можеби вардарци ќе се решат и за уште некое ново засилување, со цел да се избори пласман назад во елитата.