Новинар го налути Клоп, стручњакот го прокоментира и црвениот на Нуњез

Фудбалерите на Ливерпул разочараа и во второто коло на Премиер лигата, играјќи 1-1 со Кристал Палас. Откако во првата рунда избегнаа пораз од Фулам на гости, сега и на „Енфилд“ ги разочараа навивачите. Најголемото разочарување беше Дарвин Нуњез, засилувањето од Бенфика. Младиот фудбалер не издржа под притисок, по еден вербален и малку физички дуел со Јоаким Андерсен, Нуњез загуби контрола и заработи црвен картон. 

<<< - ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Нуњез падна на провокација, удри ривал со глава и поцрвене!

По натпреварот, свое видување на ситуацијата даде Јирген Клоп. Покрај тоа, еден од новинарите го налути со прашање зошто Нуњез бил во првиот тим.

„Немаме друг напаѓач. Не можам да верувам што ме прашувате, ако сте го проучиле составот. Дарвин се докажа минатата седмица и затоа беше во првиот тим. 

Околу црвениот, имаше провокација од противничкиот игра, но и заслужен црвен картон. Секако, тоа не е посакуваното однесување. Ќе го оставам Дарвин да преспие, а потоа ќе разговарам со него“, кажа Клоп. 

Вилфред Заха донесе предност за Кристал Палас во првото полувреме, а потоа Луис Диаз израмни и ги постави конечните 1-1.