ВИДЕО: Нова средба, нов луд пресврт – Милан водеше, но пак загуби од Ливерпул!

Екипата на Ливерпул со победа ја отвори сезоната во Лигата на шампионите, откако славеше минимално над Милан со 3-2 (1-2), во натпревар со многу атрактивни потези, прекрасни голови и пресврт на домашниот тим. 

Во репризата од лудото финале во Истанбул од пред шеснаесет години, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп приреди неколку изненадувања во својот стартен состав, затоа што шанса од првата минута им даде на заборавениот Ориги и дефанзивниот тандем Матип и Џо Гомез, додека во средината на теренот се најде Кеита, наместо искусниот Шпанец, Тиаго Алкантара.

  • Ливерпул - Милан 3-2: 

„Црвените“ во претпознатлив пеколен стил го отворија мечот. Високиот пресинг на англиските фудбалери им направи страшни проблеми на „росонерите“, кои едноставно не можеа да излезат од својот казнен простор, а тоа донесе и автогол на Томори по ударот на Александар Арнолд за предност на Ливерпул уште во деветата минута (1-0). 

Доминацијата на домаќините не престана и по водството, и само пет минути подоцна Салах ја намести топката на белата точка, но биеше по средината од голот и Мањан го одбрани неговиот удар. Во продолжение на полувремето сериозни шанси за погодок пропуштија Жота и Александар Арнолд, по што следуваше вистински шок за домашните фанови, Милан за само две минути постигна два гола и направи комплетен пресврт. Стрелци на головите за италијанскиот тим без Анте Ребиќ и Брахим Диаз по две одлични тимски акции (1-2). 

Вториот дел започна како што заврши првиот, со тресење на домашната мрежа, но овој пат голот на Кјаер не беше признат поради офсајд, но затоа на спротивната страна по една грешка на Мањан, кој не истрча навремено, на 2-2 израмни Салах.

Голот на египетскиот ас како дополнително да ги мотивира „црвените“ кои пожестоко го нападнаа гостинскиот гол, а тоа вроди со плод со супер погодок на Хендерсон за конечни 2-3. Пиоли по новата негатива веднаш внесе свежи сили во офанзивата, но одбраната на Ливерпул не дозволи нова капитулација и англискиот тим заслужено ги впиша првите бодови во новата сезона во Лигата на шампионите.

Во рамките од групата Б се одигра и натпреварот во Мадрид, каде шпанскиот шампион Атлетико Мадрид не ја оправда улогата на фаворит и одигра реми без голови против Порто (0-0). Гостите беа поконкрентни во тврдиот дуел на „Ванда Метрополитано“ и постигнаа победоносен гол во финишот, но истиот ВАР-системот го поништи заради игра со рака. 

Состави

Јирген Клоп

4-4-2

    Стефано Пиоли

    4-4-2