Нов милионски трансфер на Динамо, Рен го купува Ловро Мајер

Динамо Загреб дефинитивно е колектив кој најдобро заработува на Балканот. „Модрите“ од Хрватска практично секоја година продаваат по еден играч за милионски суми, а сега на ред дојде Ловро Мајер. 

23-годишниот офанзивец кој во 2018 година пристигна во Динамо за сума од два ипол милиони евра, сега ќе го комплетира трансферот во француски Рен за 15. Екипата од Лига 1 ќе му исплати на хрватскиот тим 12 милиони евра веднаш и уште три низ разни бонуси. 

Со тоа, Мајер ќе стане петтиот најскап трансфер во историјата на Динамо, а дванаесетти играч кој ќе ја наполни касата за повеќе од десет милиони евра. Најскап трансфер во историјата и натаму е Марко Пјаца во Јувентус за 23, половина повеќе од преодот на Модриќ во Тотенхем и еден повеќе од трансферот на Дани Олмо во РБ Лајпциг. 

До овој трансфер, Мајер дојде со одличните настапи за Динамо. Досега офанзивецот играше на 98 натпревари и постигна 19 голови, а беше витален дел од нападите на тимот.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.